Путин и Макрон едногласни за повторно започнување на преговорите за Либија

Двајцата лидери на разговорот ја изнесоа заедничката загриженост по повод судирите во Либија

1444217
Путин и Макрон едногласни за повторно започнување на преговорите за Либија

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон истакнаа дека се едногласни во однос на повторното започнување на преговорите за Либија.

Во писменото соопштеие кое беше објавено од страна на официјален Кремљ беше истакнато дека Владимир Путин и Емануел Макрон одржаа видео конференција.

Путин и Макрон на средбата детално разговараа за либиското прашање. Двајцата лидери на разговорот ја изнесоа заедничката загриженост по повод судирите во Либија и потенцираа на потребата за што поскоро постигнување примирје во земјата и започнување на меѓусебните преговори согласно одлуките кои беа усвоени на Конференцијата во Берин (што се одржа во јануари) и резолуцијата 2510 на СБ на ОН.



Слични вести