Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Расте биланост на Ковид-19 во останатите земји на светот

1444414
Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 497 363, на заразените над 9 927 000, а на оздравените над 5 376 000.

Со смртта на уште 381 лице во Индија, четвртата земја во светот во која се регистрирани најголем број на случаи, бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 15 690. Во псоледните 24 часса во земјата беа регистрирани 18 276 нови случаи на инфектирани од Ковид-19, така што вкупниот број на заразени се зголеми на 509 523.

Бројот на смртните случаи во Саудиска Арабија во последните 24 часа се зголеми за уште 46 и изнесува 1 474, додека бројот на новоинфектираните се зголеми за уште 3 938. Вкупниот број на заразени изнесува 174 577.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Иран изнесува 10 239, а на заразените 217 724.

Бројот на смртните случаи во Ирак во последните 24 часа се зголеми за уште 122 и изнесува 1 559. Ова е најголема бројка за еден ден во земјата од денот кога почна да се шири епидемијата. 80 годишниот театарски актер од туркменско потекло Мунаф Талиб кој беше заразен од Ковид-19 подлегна на Ковид-19. СО регистрирањето на уште 2 054 новоинфектирани, вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 41 193.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Русија изнесува 8 969, додека вкушниот број на заразени изнесува 627 794. Претседателката на Руската федерална агенција за туризам (Ростуризм) Зарина Догузова рече дека почнувајќи од 1 јули ќе се отворат за туризмот 67 подрачја на земјата во кои беа воедени ограничувања за заштита од епидемијата на Ковид-19.

Со инфектирањето на уште 9 вработени во кабинетот на претседателот на Киргистан, вкупниот број на инфектирани од Ковид-19 се зголеми на 17. Тестот на претседателот Соронбај Женбеков кој се наоѓа во карантин беше негативен и со активностите раководи од далеку.

Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 до денес во Кина се регистрирани 4 634 смртни случаи, додека вкупниот број на заразени изнесува 83 483. Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Националната комисија за здравство во последните 24 часа беа регистрирани вкупно 21 новоинфектирани од кои 4 лица беа од странско потекло.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Јужна Кореја изнесува 282, додека вкупниот број на заразени 12 653. Во соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за контрола и спречување на болестите, во псоледните 24 часса биле регистрирани 51 нов случај на инфектирани од кои 20 лица биле од странско потекло. Нема нови смртни случаи.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Африка изнесува 9 317, додека на заразените 362 616. Нјголем број на смртни случаи до денес во Африка се регистрирани во Египет и тоа 2 638, додека вкупниот број на заразени во Јужноафиканската Репблика изнесува 34 отсто. Нема смртни случаи од Сејшеските острови, Еритреја, Уганда, намибија и Лесото.

Бројот на смртните случаи во некои други земји од Ковид-19 е како што следува:

Во Пакистан 4 035, во Индинезија 2 000, во Бангладеш 1 661 и во Катар 109.



Слични вести