Во Индија од удари на гром животот го загубија 116 лица, а десетици лица се повредени

Во ударите од гром во Индија кадешто владеат силни врнежи од дожд проследени со невреме и грмотевици животот го загубија 116 лица, а десетици лица се повредени

1443724
Во Индија од удари на гром животот го загубија 116 лица, а десетици лица се повредени

Во Индија од удари од гром коишто се случија за време на силните врнежи од дожд коишто владеат во различни области на земјата, животот го загубија 116 лица, а десетици лица се повредени.

Според веста на весникот „India Today“, владата на провинцијата Бихар поради ударите од гром за време на силните врнежи од дожд и невреме со грмотевици во различни области на провинцијата животот го загубија 92 лица, а 20 мина се повредени.

Освен тоа, владата на провинцијата Утар Прадеш исто така соопшти дека при удари на гром животот го загубија 24 лица, а 12 мина се повредени.

Под влијание на силните врнежи од дожд се оштетени и голем број згради и куќи.

Во меѓувреме, индискиот премиер Нарендра Моди го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите.



Слични вести