Состојбата со Ковид-19 во светот: Продолжува да расте бројот на смртни случаи и новоинфектирани

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 127 илјади 211 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 2 милиони 536 илјади 639 инфектирани лица

1443440
Состојбата со Ковид-19 во светот: Продолжува да расте бројот на смртни случаи и новоинфектирани
super covid19
SÜPER FOTO ispanya madrid
süper-haber-slider-2.jpg
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg
KORONA SÜPER
abd virüs süper.jpg
super covid19 6.jpg
super covid19 8.jpg
super covid19 9.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 494 илјади 277 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 9 милиони 823 илјади, а досега оздравеа повеќе од 5 милиони 304 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се искачи на над 127 илјади 211 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот продолжува да се зголемува и изнесува повеќе од 2 милиони 536 илјади 639 инфектирани лица. Центарот за контрола и спречување на епидемски болести (CDC) тврди дека Ковид-19 би можел да е пренесен на десет пати повеќе Американци од официјалните регистрирани бројки. Директорот на „CDC“ Роберт Редфилд истакна дека би можеле да се инфектирани приближно 25 милиони Американци, што претставува за 10 поати повеќе од соопштениот број на случаите на зараза.

Во Велика Британија, која е во состојба на епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 43.414, а бројот на случаите на зараза на 309.360 лица. Велика Британија е на прво место во Европа по бројот на смртните случаи, а на трето место во светот после САД и Бразил.

Во Италија, бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 30 лица за еден ден, се зголеми на вкупно 34.708, додека бројот на активни случаи се намали на 17.638 заболени. Вкупниот број на инфектираните од коронавирусот во Италија досега изнесува 239.961 лица, а во изминатите 24 часа се регистрирани 255 новозаразени.

Во Франција, со смртта на уште 26 лица од епидемијата во изминатите 24 часа, вкупниот број на починатите се зголеми на 29.778, додека бројот на случаите на зараза со регистрирани 1.588 новозаразени лице се искачи на вкупно 162.936 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека од епидемијата на Ковид-19 во последната една недела починаа 8 лица со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 28.338. Министерството ја достави и информацијата дека со регистрирани 419 новозаразени во изминатите 24 часа, вкупниот број на случаите на зараза во земјата се искачи на 294.985 лица.

Во Португалија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа се зголеми за 6 лица и достигна до 1.555, додека со регистрирање на 451 новоинфектирани вкупниот број на случаите на зараза во земјата достигна до 40.866 лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 55.304, а на случаите на зараза на 1 милион 244 илјада 419 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 736 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 25.060, а бројот на случаите на зараза со раст за 6.104 новоинфектирани се искачи на вкупно 202.951 лице.

Во Австралија, кадешто од Ковид-19 животот го загубија 104 лица, по направените повеќе од 2 милиони 232 илјади тестирања беа регистрирани 7.595 инфектирани од вирусот од кои досега оздравеа вкупно 6.958 лица. Лицата кои ќе дојдат во земјата која ја продолжува својата борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19), пред и после 14 дневниот задолжителен карантин ќе бидат подложени на тестирање два пати.

Во Нов Зеланд, бројот на починатите од Ковид-19 изнесува 22 лица, додека бројот на случаите на зараза достигна до вкупно 1.520. 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака:

Белгија 9.731, Германија 9.017, Канада 8.507, Перу 8.761, Холандија 6.103, Шведска 5.280, Чиле 5.068, Еквадор 4.406, Колумбија 2.654, Аргентина 1.167.



Слични вести