Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1443471
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка
afrika.jpg
Afrika'da Korona.jpg
afrika koronavirus.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
afrika.jpg
kovid doğu.jpg
korona arap ülkeleri.jpg
koronavirüs arap.jpg
kovid arap.jpg
super covid19 4.jpg
super covid19 hijyen.jpg
çin covid 2.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 492 илјади лица, на случаите на зараза се зголеми на над 9 милиони 715 илјади, а досега оздравеа повеќе од 5 милиони 250 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус (Ковид-19), кадешто животот го загубија вкупно 4.634 лица се регистрирани 13 нови случаи на зараза од надвор од кои 2 во Шангај, и 11 во главниот град Пекинг, додека веќе подолго време не е потврден ниту еден смртен случај. Бројот на случаите на зараза од вирусот во земјата заедно со утврдените 13 нови случаи се искачи на вкупно 83.462 лица. 

Во Јужна Кореја, од почетокот на епидемијата починаа 282 лица, во изминатите 24 часа не се соопштени нови смртни случаи, додека се регистрирани уште 39 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 12.602 лица.

Во Русија, во последниот ден бројот на смртните случаи се зголеми за уште 176 со што достигна до вкупно 8.781 лице, а на случаите на зараза со регистрирани уште 6.800 новоинфектирани се искачи на вкупно 620.794 лица. Дневниот број на случаите на зараза во Русија за прв пат во последните два месеци опадна на под 7 илјади.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои источни земји, арапски и азиски земји е вака:

Индија 15.308, Иран 10.239, Русија 8.605, Кина 4.634, Пакистан 3.962, Индонезија 2.620, Бангладеш 1.621, Ирак 1.437, Филипините 1.212, Саудиска Арабија 1.428, Украина 1.086, Јапонија 968, Ерменија 410, Казахстан 147, Киргистан 43, Грузија 13.

Во Иран, кадешто починаа вкупно 10,239 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 217.724. 

Во Индија, во изминатите 24 часа животот го загубија уште 381 лице со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 15.689. Регистрирани се и 18.276 новозаразени од Ковид-19 со штто вкупниот број на случаите на зараза во земјата достигна до 509.446 лица.

Обединетите Арапски Емирати, во рмаките на соработката во борбата против Ковид-19 му испратија на Израел 100 илјади комплети за дијагноза.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 9.149, на случаите на зараза достигна до 352.951 лица, досега оздравеа вкупно 169.966, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 173.836.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 2.533 лица, а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 2.292, Алжир 885, Судан 559, Нигерија 549, Камерун 313, Мароко 218, Демократска Република Конго 149, Кенија 137, Мавританија 120, Мали 113, Гана 103, Сомалија 90 починати.

Најголем број случаи на зараза пак, на континентот Африка има во Јужноафриканската Република со 118.375, а потоа следуваат Египет со 61.130, Нигерија 22.614, Гана 15.834, Алжир 12.685, Камерун 12.592, Мароко 11.633, Судан 9.084, Демократска Република Конго 6.552, Сенегал 6.354, Кенија 5.533, Етиопија 5.425.

Од друга страна, во африканските земји како што се Сејшелите, Еритреја, Уганда, Намибија и Лесото досега нема регистрирани смртни случаи.



Слични вести