САД во рамките на борбата со Кина своите воени единици од Европа ги пренесуваат во други области

Американскиот државен секретар Мајк Помпео информира дека во рамките на борбата којашто се води со Кина неговата земја своите воени единици во Европа ги премести во други области во светот

1443501
САД во рамките на борбата со Кина своите воени единици од Европа ги пренесуваат во други области

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на панелот што се одржа од страна на Германската Маршалова фондација (German Marshall Fund), инаку тинк-тенк организација со седиште во Вашингтон, изнесе проценки во врска со влијанието на Кина во светот и активностите на оваа земја.

Помпео информира дека во рамките на борбата којашто се води со Кина неговата земја своите воени единици во Европа ги премести во други области во светот.

Мајк Помпео напомена дека Кина почна сериозно да им се заканува особено на Индија и на Малезија, Индонезија, Виетнам и Филипините во Југоисточна Азија и воедно нагласи дека затоа Соединетите Американски Држави (САД) своите сили од Европа почнаа да ги пренесуваат во тие области на светот.

„Кога ќе погледнеме од каде произлегува оваа закана, направивме проценка како ќе ги искористиме нашите сопствени ресурси. Тоа може да ги опфати како разузнавачките служби, така и воздушните сили или ако затреба поморските сили. /... / Ќе бидеме сигурни во тоа дека ги направивме доволно подготовките во борбата против Кинеската народноослободителна армија и дека располагаме со доволни ресурси.“ - рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.



Слични вести