Расте бројот на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19 во светот

Расте и бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

1443107
Расте бројот на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 486 000, на заразените над 9 572 000, а на оздравените над 5 209 000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД која важи за седиште на епидемијата на Ковид-19 во светот и има најголем број на смртни случаи и заразени изнесува над 124 282. Бројот на заразените изнесува над 2 462 000. Институтот за мерење и евалуација при американскиот универзитет Вашингтон соопшти дека според проценките, до 1 октомври се очекува бројот на смртните случаи да се изнесува над 179 илјади. Трите соседни држави (Tri-state) како што се познати Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, за граѓаните кои ќе патуваат од државите во кои расте стапката на заразени, ќе спроведе 14 дневен карантин.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа од Ковид-19 во Бразил се зголеми за 1 185 и изнесува 53 830, додека на новоинфектираните за 42 725 и вкупниот број на заразени изнесува 1 188 631. Трговскиот центар Сао Паоло на Бразил кој брои 46 милиони жители, со 238 822 заразени и 13 352 смртни случаи важи за најпогодена област од епидемјата на Ковид-19. Институтот за географија и статистика соопшти дека во мај, кај 4,2 милиони лица биле забележани симптоми на нарушување на осетот за вкус, мирис, кашлица и висока температура, слични на Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Мексико во последните 24 часа се зголеми за уште 947 и изнесува 24 324. Во текот на истиот период беа регистрирани уште 5 437 новоинфектирани, така што вкупниот број на заразени изнесува 196 847.

Бројот на смртните случаи во Велика Британија од епидемијата на Ковид-19, која важи за седиште на  Европа, во последните 24 часа се зголеми за уште 149 и изнесува 43 230, додека бројот на новоинфектираните се зголеми за уште 1 118 и вкупниот број на заразени достигна 307 980.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 1 и изнесува 29 731, додека со регистрирање на уште 81 новоинфектирани, вкупниот број на заразени се зголеми на 198 743.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи во последните седум дена изнесува 10. Вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 28 327. Бројот на новоинфектираните во последните 24 часа се зголеми за 196 така што вкупниот број на заразени изнесува 247 086. Тестовите на над 80 лица во еден бегалски центар во Малага во Андулузија беа позитивн на Ковид-19. Министерката за здравство на автономната влада на Андалузија Патрициа Наваро истакна дека Ковид-19 бил забележан и кај вработените во центарот, но според сегашната состојба, нема потреба од префрлување на заразените во болница.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија во последните 24 часа се зголеми за уште 3 и изнесува 1 543, додека бројот на новите случаи се зголеми за уште 367 и изнесува 40 104.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Белгија се зголеми за уште 4 и изнесува 9 726, додека бројот на новоинфектираните се зголеми за уште 109 и вкупниот број изнесува 61 007. По регистрирањето на голем број членови на екипажот на бродот Минерва Океанија кој пловеше под знамето на Малта а е вкотвен во пристанишето на градот Анверс, бродот во карантин ќе се држи до 1 јули.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Холандија изнесува 6 097. Премиерот Марк Руте рече дека во рамките на мерките коишто беа преземени против Ковид-19, од 1 јули ќе започне третата етапа на нормализирање на животот во земјата, поради што постои веројатност за поголемо олабавување.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Гватемала изнесува 582, додека на заразените 14 540. 240 вработени во лабораторијата за анализа и тестирње на новиот тип на коронавирусот коишто работат ва националната лабораторија на земјата, се заразиле од Ковид-19. Претходниот ден биле заразени уште 151 лице кои работеле во државната палата.

Порастот на бројот на инфектираните од Ковид-19 во последните денови во балканските земји предизвика некои земји повторно да ги вратат мерките коишто се спроведуваа во борбата против епидемијата.

По зголемувањето на бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Хрватска во последните 24 часа, која бројка изнесува 107 лица, како и растот на бројот на инфектираните за 2 388, предизвка властите да воведат 14 дневен карантин за сите оние посетители коишто ќе дојдат од Босна И херцеговина, Србија, Косово и Северна Македонија.бројот на

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Србија изнесува 263, додека бројот на новинфектирани се зголеми за уште 143 и вкушно изнесува 13 235.

Бројот на инфектирани од Ковид-19 во последните 24 часа во Босна и Херцеговина изнесува 88, додека бројот на новинфектираните во Црна Гора кадешто подолг период немаше регистрирани случаи изнесува 5, а во Словенија е 7.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Австралија изнесува 104. Војниците во покраината Викторија ќе го контролираат карантинот во земјата. Од друга страна пак, националната авиокомпанија Кантас соопшти дека како последица на неповолното влијание на епидемијата на Ковид-19, со цел истото да се намали, планираат да отпуштат околу 6 илјади вработени од кои претежно во меѓународните услуни дејности.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Нов Зеланд се зголеми за уште 3 лица, додека бројот на актвните случаи за 13. Вкупниот број на заразени изнесува 1 519, додека на смртните случаи 22.



Слични вести