ЕУ одобри дополнителен фонд за помош на бегалците во Турција

За стапување на сила на усвоениот предлог, истиот треба да се одобри и од страна на Генералното заседание на ЕУ и земјите членки на ЕУ

1442637
ЕУ одобри дополнителен фонд за помош на бегалците во Турција

Комитетот за буџет на Европскиот Парламент во рамките на активностите и програмите за поддршка на бегалците во Турција одобри доделување дополнителен извор од 485 милиони евра.

На состанокот на Комитетот што се одржа во Брисел, беше разгледан предлогот за обезбедување материјална поддршка на Турција, Јордан и Либан кои се домаќини на бегалците од Сирија. На гласањето што се одржа на крајот на состанокот, предлогот на Европската комисија беше усвоен со 33 гласови, додека 4 парламентарци гласаа против, а 3 беа воздржани.

Според предлогот, во рамките на програмата за Помош за социјална адаптација која што се раководи од страна на Турската Црвена полумесечина и Светската програма за храна на ОН и во чии рамки беа распределени платежни картички Кизилајкарт како и за продолжувањето на образованието на децата на  бегалците од Сирија и другите места во рамките на програмата Помош за условно образование, ќе се префрлат 485 милиони евра.

ЕУ, за здравствените и образовни потребите на бегалците во Јордан и Либан ќе обезбедат 100 милиони евра помош.

За стапување на сила на усвоениот предлог, истиот треба да се одобри и од страна на Генералното заседание на ЕУ и земјите членки на ЕУ.



Слични вести