ЕУ: Мировниот процес во Либија треба да се води од страна на Либијците, за Либијците

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека мировниот процес во Либија треба да се води „од страна на Либијците за Либијците“

1443320
ЕУ: Мировниот процес во Либија треба да се води од страна на Либијците, за Либијците

Европската унија (ЕУ) инсистира по прашањето мировниот процес во Либија да се води во рамките на Обединетите нации (ОН).

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано кој говореше на одржаната редовна дневна прес конференција одговараше на едно поставено прашање во врска со предлогот на тунискиот претседател Кајс Саид дека „мировниот процес можат да го водат племињата во Либија“.

Стано истакна дека мировниот процес во Либија треба да се води „од страна на Либијците за Либијците“.

Во врска со предлозите за решение пак, Стано го рече следното: „Европската унија (ЕУ) смета дека мировниот процес во Либија треба да се води под водство на Обединетите нации (ОН) и во рамките на Берлинскиот процес.“

Инаку, тунискиот претседател Кајс Саид за време на неговата остварена посета на Франција го достави предлогот „либиските племиња да се состанат и да формираат Устав, слично како и во Авганистан“.

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал Мишри пак, подвлече дека во Либија не е можно да се применува моделот во Авганистан и го нагласи следното: „Племињата во Либија не се политичка партија, туку се дел од општественото ткиво.“

 



Слични вести