Американскиот извештај за тероризмот во земјите во светот за 2019

Турција на ЈПГ смета како продолжение на (сепаратистичко-терористчката организација) ПКК

1442639
Американскиот извештај за тероризмот во земјите во светот за 2019

Изразот дека „Турција на ЈПГ смета како продолжение на (сепаратистичко-терористчката организација) ПКК“ во Американскиот извештај за тероризмот во земјите во светот за 2019, привлече големо внимание.

Исто така големо внимание привлече делот посветен на Турција во извештајот, во кој се истакнува дека Турција во земјата води активна борба против сепаратистичко-терористчката организација ПКК, додека надвор со терористичката организација ДЕАШ (ИСИЛ).

Во делот посветен на Фетулахистичката терористичка организацја (ФЕТО) на извештајот се истакнува дека Турција, ФЕТО ја смета за терористичка организација и во тие рамки оствари голем број апсења на приврзаниците на оваа организација како во земајата така и надвор, а исто така беше подвлечено дека оваа организација не се наоѓа на листата на терористички организации на САД.

Од друга страна пак, во годинашниов извештај на САД во споредба со минатогодишниот беше забележано дека од изразот „верско лице во прогонство“ е укинат зборот „верско лице“.



Слични вести