Во терористички напад во Африн на северот на Сирија загинаа двајца цивили, а 5 мина се ранети

Безбедносни извори информираат дека бомбашките акции во ослободените области од тероризмот се реализираат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, но дека организацијата избегнува да ја преземе одговорноста за овие напади

1442527
Во терористички напад во Африн на северот на Сирија загинаа двајца цивили, а 5 мина се ранети

Во реализиран бомбашки терористички напад во центарот на градчето Африн на северот на Сирија чие подрачје со операцијата Маслиново гранче е исчистено од тероризмот, загинаа двајца цивили, а 5 мина цивили се ранети.

Нападот е реализиран со активирање на поставена бомба во моторцикл.

Безбедносни извори информираат дека бомбашките акции во ослободените области од тероризмот се реализираат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, но дека организацијата избегнува да ја преземе одговорноста за овие напади во кои гинат цивили.

Во експлозија на бомба поставено во возило во центарот на градчето Африн и на 20 јуни беа ранети четворица цивили меѓу кои имаше и деца.

Инаку, терористите на ЈПГ/ПКК од подрачјето на Тел Рифат коешто во согласност со постигнатиот меморандум помеѓу Турција и Русија на 22 октомври 2019 година треба да биде испразнето, често реализираат терористички напади врз подрачјата на Ал Баб, Азез, Џераблус и Африн, во северниот дел на Сирија.



Слични вести