Протест во Тел Авив против планот на израелската Влада за анексија на палестинските територии

Некои од учесниците на протестот кои отворија израелски знамиња, алудирајќи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху носе маски на кои пишуваше „премиер криминалец“

1442006
Протест во Тел Авив против планот на израелската Влада за анексија на палестинските територии

Протест во Тел Авив против планот на израелската Влада за анексија на незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег и Јорданската долина.

Некои од учесниците на протестот кои отворија израелски знамиња, алудирајќи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху носе маски на кои пишуваше „премиер криминалец“.

Освен тоа демонстрантите во своите раце носеа и транспаренти на кои пишуваше „Животот на Палестинците е важен“, „Слобода за Палестина“ и „Не за анексијата“.

Инаку, во наводниот „Блискоисточен мировен план“ на американскиот претседател Доналд Трамп кој го објави на одржаната заедничка прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 28 јануари во Белата куќа, се наоѓаат членови незаконските еврејски населби на Западниот Брег да бидат признати за израелска тероторија, Ерусалим да се признае за неделива престолнина на Израел и управата на Тел Авив да ја продолжи својата власт над Јорданската долина која инаку е палестинска територија.

По овој наводен мировен план заедничка комисија составена од американски и израелски функционери го започнаа процесот за мапирање, односно изработување на картата на Западниот Брег за анексија на областите за кои станува збор.



Слични вести