Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1441898
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка
super covid19 6.jpg
afrika.jpg
koronavirüs afrika.jpg
afrika koronavirus.jpg
kuzey afrika koronavirus.jpg
Güney Afrika.jpg
afrikakorona.jpg
afrika kovid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 480 илјади 95 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 9 милиони 369 илјади, а досега оздравеа некаде околу 5 милиони 100 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Израел, од Ковид-19 животот го загуби уште едно лице, а се регистрирани уште 459 новозаразени. На тој начин, бројот на смртните случаи се зголеми на 308, а на случаите на зараза на 21.467 лица.

Претседателот на Комисијата за човекови права на ирачкиот Парламент Ершат Салихи, поради се поголемото растечко влијание на епидмеијата од новиот тип коронавирус во земјата упати повик до Светската здравствена организација (СЗО) и до соседните земји „за здравствена поддршка“. 

Салихи кој воедно е и претседател на Ирачкиот туркменски фронт, истакна дека ирачката Влада и Министерството за здравство се недоволни дури и во обезбедувањето на најосновните здравствени потреби на народот, а се неуспешни и во набавувањето на материјали за заштита од епидемијата како што се маски, ракавици и средства за дезинфекција.

Инаку, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Ирак изнесува 1.251 лице, а на случаите на зараза 34.502.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои источни земји, арапски и азиски земји е вака: Индија 14.483, Русија 8.359, Иран 9.863, Кина 4.634, Пакистан 3.755, Индонезија 2.535, Бангладеш 1.545, Филипините 1.186, Саудиска Арабија 1.346, Јапонија 955 .

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 8.653, на случаите на зараза достигна до 327.465 лица, досега оздравеа вкупно 156.968, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 161.844.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 2.365 лица, а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 2.102, Алжир 861, Судан 548, Нигерија 533, Камерун 313, Мароко 214, Демократска Република Конго 135, Кенија 128, Мавританија 114, Мали 111, Сомалија 90 починати.



Слични вести