Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД кои продолжуваат да важат за епицентар на епидемијата во светот, изнесува 123 илјади 476 лица, се регистрирани повеќе од 2 милиони 424 илјади 492 инфектирани лица

1441894
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19 9.jpg
super covid19 hijyen2.jpg
super covid19 abd
KORONA SÜPER
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg
abd virüs süper.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 483 илјади 699 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 9 милиони 505 илјади, а досега оздравеа повеќе од 5 милиони 161 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД изнесува 124 илјади 200 лица, а воедно е соопштено дека во одредени делови на земјата постои „вознемирувачки раст“ во бројот на случаите на зараза од вирусот и дека се регистрирани повеќе од 2 милиони 459 илјади инфектирани лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 52.771, а на случаите на зараза на 1 милион 151 илјада 479 лица. Бразилскиот Федерален суд пресуди претседателот Жаир Болсонаро да носи маска на места отворени за јавноста и доколку не носи да биде казнет со 2 илјади бразилски реали (приближно 500 долари). 

Во Мексико, во изминатите 24 часа се потврдени уште 793 починати со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се, зголеми на вкупно 23.377, додека бројот на случаите на зараза со раст од 6.288 новозаразени се искачи на вкупно 191.410 лица.

Во Велика Британија, која важи за епицентар во Европа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 171 лице во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 42.927, а бројот на случаите на зараза со раст за 874 се искачи на 306.210 лица. Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека почнувајќи од 4 јули ќе бидат повторно отворени рестораните, баровите, фризерските салони, кината, верските објекти, музеите, библиотеките и галериите во земјата. 

Во Италија, бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 18 лица за еден ден, се зголеми на вкупно 34.675, бројот на активните случаи на зараза опадна за 1.064 лица, а се регистрирани 122 новозаразени. Бројот на активни случаи опадна на 19.573 заболени пациенти, додека вкупниот број на инфектираните од коронавирусот во Италија досега изнесува 238.833 лица.

Во Франција, со смртта на уште 57 лица од епидемијата во изминатите 24 часа вкупниот број на починатите се зголеми на 29.720, додека бројот на случаите на зараза со раст за 517 лица се искачи на вкупно 161.267 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека од епидемијата на Ковид-19 во последната една недела починаа 14 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 28.325. Министерството ја достави и информацијата дека со регистрирани 108 новозаразени во изминатите 24 часа, вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 293.832 лица.

Во Португалија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа се зголеми за 6 лица и достигна до 1.540, додека со регистрирање на 345 новоинфектирани вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 39.737 лица.

Заклучно со 21 јуни се регистрирани 1.140 вработени на Обединетите нации (ОН) заразени со Ковид-19 од кои досега починаа 28 вработени. Не се дадени информации во врска со земјата или канцелариите во кои работеле починатите вработени на Обединетите нации (ОН). 

Од друга страна, канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева повторно ги отвори за новинарите своите редовни неделни прес конференции коишто поради пандемијата на Ковид-19 од месец март досега се одржуваат преку видеоконференција.

Во градот Мелбурн во Австралија од Ковид-19 животот го загуби уште едно лице со што бројот на починатите во земјата се зголеми на 103 лица. Во Австралија од вирусот се заразени вкупно 7.492  лица од кои пак, досега оздравеа 6.915.

Во Белгија, кадешто бројот на човечките загуби изнесува 9.722 лица се премина кон четвртата фаза во нормализацијата во периодот на епидемијата и како што е соопштено почнувајќи од 1 јули се донесени нови одлуки.

Белгиската премиерка СофиеВилмес истакна дека почнувајќи од 1 јули групите за социјализација можат да се зголемат од 19 на 15 лица, а воедно рече дека ќе бидат отворени и кината, театрите, базените, обложувалниците, парковите за забава и центрите за нега. 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: Германија 8.986, Канада 8.454, Перу 8.404, Холандија 6.095, Шведска 5.161, Чиле 4.505, Еквадор 4.274, Колумбија 2.404, Аргентина 1.049.

Колумбискиот претседател ИванДуке соопшти дека поради растот во бројот на смртните случаи и случаите на зараза во последните недели е прогласен карантин во земјата до 15 јули.

Во меѓувреме, кај 209 мигранти кои минатата недела беа спасени во Средоземното Море од страна на германската граѓанска организација "Sea Watch" на кои им беа направени тестирања за Ковид-19 се регистрирани 28 позитивни случаи. Мигрантите се ставени во принуден карантин на фериботот "Moby Zaza". 



Слични вести