Критика од Гутерес за недоволната меѓународна координација во борбата против пандемијата на Ковид-19

Антонио Гутерес ја критикуваше недоволната меѓународна координација во борбата против пандемијата на Ковид-19 и истакна дека земјите треба да сфатат дека делувајќи сами во оваа борба „создаваат состојба којашто е илезена од контрола“

1442351
Критика од Гутерес за недоволната меѓународна координација во борбата против пандемијата на Ковид-19

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во интервју за американската новинска агенција „АсошиетедПрес (АП)“ нагласи дека глобалната координација е од клучно значење во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Гутерес ја критикуваше недоволната меѓународна координација во борбата против пандемијата на Ковид-19, во врска со што истакна дека земјите треба да сфатат дека делувајќи сами во оваа борба „создаваат состојба којашто е излезена од контрола“, а воедно го рече следното: „Секако, во моментов сум разочаран поради недоволноста од меѓународна координација. Се надевам дека идните генерации би можеле да ги променат работите.“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес додаде дека доколку се работи заеднички по прашањето на лекувањето, механизмите за тестирање и вакцината би можело да се преброди пандемијата, и дека во намалувањето на влијанието на пандемијата би можела да помогне и координацијата во однос на политички, економски и социјални прашања како одраз на Ковид-19, вклучувајќи ги притоа и загубите на работа, растечкото насилство и прекршувањата на човековите права.



Слични вести