МКС соопшти дека се стекнале со доверливи докази за 11-те масовни гробници во Либија

Овие информации можат да претставуваат докази за тоа дека е извршено воено злосторство или злосторство против човештвото

1441244
МКС соопшти дека се стекнале со доверливи докази за 11-те масовни гробници во Либија

Меѓународниот кривичен суд (МКС) соопшти дека се стекнале со доверливи докази за 11-те масовни гробници во Либија кои можат да претставуваат докази за тоа дека е извршено воено злосторство или злосторство против човештвото.

Главниот обвинител на МКС Фатоу Бенсоуда во писмената изјава истакна дека обвинитеството се стекнало со доверливи информации за 11-те масовни гробници во градот Терхуне и околината на источната страна на Либија кој беше исчистен од нелегитимните вооружени сили на Халифа Хафтар и неговите милицајци.

Овие информаци ќе можат да се внесат во досието за истражување на случувањата во Либија, рече Бенсоуда кој потенцираше:

„Се стекнавме со доверливи докази за 11-те масовни гробници во Либија. Овие информации можат да претставуваат докази за тоа дека е извршено воено злосторство или злосторство против човештвото.“

Иако Либија не е земја членка и потписничка на Римскиот статут со кој се формираше Меѓународниот кривичен суд, Судот со резолуцијата на СБ на ОН се стекна со потребното овластување за истражување на кривичните дела извршени во Либија.



Слични вести