Арапите во Киркук остро реагираа против ПКК

Не треба да се дозволи опстојувањето на овој вид меѓународни терористички организации во Ирак

1441231
Арапите во Киркук остро реагираа против ПКК

Арапското собрание во ирачкиот град Киркук остро реагираше на поставувањето наводни знамиња на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК на некои населби и мостови во градот.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Арапското собрание на Киркук беше истакнато дека поставувањето на наводните знамиња на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК и кинењето на знамето на Ирак претставува навреда за суверенитетот на земјата.

Во соопштението беше истакнато дека не треба да се дозволи опстојувањето на овој вид меѓународни терористички организации во Ирак.

Неможноста на безбедносните сили за спротивставување на овие терористички организации во градот ја зголемува загриженоста на граѓаните, поради што на ниту една страна не треба да си е дозволи да се бави со активности кои ќе ги нарушат стабилноста, безбедноста и спокојството на Киркук.

Сепаратистичко-терористчката организација ПКК на 19 јуни ги постави наводните знамиња на некои населби и мостови на градот а исто така изврши напади на гробиштата на туркменските херои.



Слични вести