Протест во Триполи со либиски и турски знамиња против заканата на Сиси со воена интервенција

Демонстрантите кои се собраа на плоштадот на Шехидите во центарот на главниот град на Либија, Триполи, во своите раце носеа либиски и турски знамиња, како и прешкртани постери на Сиси

1440667
Протест во Триполи со либиски и турски знамиња против заканата на Сиси со воена интервенција

Либијците со либиски и турски знамиња во своите раце протестираа против заканата на египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси со воена интервенција врз Либија.

Демонстрантите кои се собраа на плоштадот на Шехидите во центарот на главниот град на Либија, Триполи, во своите раце носеа либиски и турски знамиња, како и прешкртани постери на Сиси.

Граѓаните на Триполи извикуваа и слогани против пучистичкиот генерал на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата Халифа Хафтар и египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси кој исто така дојде на власт со извршен воен удар соборувајќи го демократски избраниот претседател на Египет Мухамед Мурси.

Инаку, египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси за време на неговата посета на единиците на воздушните сили во близина на либиската граница ја даде пораката дека „египетската армија, доколку затреба би можела да реализира воена задача надвор од границите на земјата“.



Слични вести