Преглед на состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД изнесува над 122 илјади 247, а на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 356 илјади 657 лица

1440406
Преглед на состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 470 илјади 795 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 9 милиони 51 илјада, а досега оздравеа повеќе од 4 милиони 842 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД изнесува над 122 илјади 247, а на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 356 илјади 657 лица.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 50.659, а на случаите на зараза на 1 милион 86 илјади 990 лица.  

Во Велика Британија, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 42.632, а бројот на случаите на зараза на 304.331 лице.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 24 лица за еден ден, се зголеми на вкупно 34.634, регистрирани се 224 нови случаи на зараза, додека бројот на активни случаи во земјата опадна на 20.972 заболени пациенти. Вкупниот број на инфектираните од вирусот во Италија досега изнесува 238.499 лица. Во меѓувреме, во Италија кадешто поради континуираниот пад во бројот на новите случаи на зараза и починатите на 4 и 18 мај постепено почна да се нормализира животот голем број музичари и уметници на плоштадот Дуомо во Милано одржаа тивок протест. Музичарите облечени во црно бараа од владата во склопот на нормализацијата да го внесе и секторот на сценско-изведувачки уметности.

Во Франција, од коронавирусот (Ковид-19) вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 29.640, додека бројот на случаите на зараза се искачи на 160.377 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека од епидемијата на Ковид-19 во последната една недела починаа 29 лица со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 28.323. Министерството ја достави и информацијата дека со регистрирани 141 новозаразен во изминатите 24 часа, вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 246.272 лица. Во Шпанија вчера заврши вонредната состојба којашто траеше 98 дена, се премина кон процес на „нова нормализација“. Во овој процес на нова нормализација во која започнаа и меѓуградските патувања продолжува применатана задолжително носење маска и на правилото за социјално растојнаие од најмалку 1,5 метри. Со завршување на вонредната состојба Шпанија ги отвори и своите граници со земјите на Еврпската унија (ЕУ) со исклучок на Португалија.

Во Португалија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа се зголеми за 2 лица и достигна до 1.530, додека со регистрирање на 292 новозаразени вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 39.133 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: Мексико 21.825, Белгија 9.696, Германија 8.962, Канада 8.430, Перу 8.045, Холандија 6.090, Шведска 5.053, Чиле 4.479, Еквадор 4.223, Аргентина 1.011.

 



Слични вести