Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1440457
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 470 илјади 844 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 9 милиони 53 илјади, а досега оздравеа повеќе од 4 милиони 842 илјади 312 заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Ирак, од Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа уште 87 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 1.100, додека со регистрирање на уште 1.646 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 30.368 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои источни земји, арапски и азиски земји е вака: Индија 13.703, Русија 8.111, Иран 9.623, Кина 4.634, Пакистан 3.590, Индонезија 2.465, Бангладеш 1.464, Филипините 1.169, Саудиска Арабија 1.267, Јапонија 953 .

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 8.148, на случаите на зараза достигна до 309.300 лица, досега оздравеа вкупно 148.863, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 152.289.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 2.193 лица, а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 1.831, Алжир 845, Судан 521, Нигерија 518, Камерун 303, Мароко 214, Кенија 123, Мавританија 111, Мали 109 починати.

Во Јужноафриканската Република, кадешто бројот на починатите изнесува 1.930 лица вкупниот број на случаите на зараза достигна до 97.302 лица и продолжува да е земја со најголем број заразени од Ковид-19 на контнентот Африка.

Во Кенија, бројот на починатите изнесува 123 лица, додека во изминатите 24 часа се регистрирани 260 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза од вирусот се зголеми на 4.738 лица. 



Слични вести