Одговор од либиската Влада на заканата на египетскиот претседател Сиси со воена интервенција

Во вчерашното објавено соопштение од либиската Влада, изјавите на египетскиот претседател Сиси коишто содржат закани со воена интервенција врз Либија, беа окарактеризирани како мешање во внатрешните работи на Либија и „објавување на војна“

1440498
Одговор од либиската Влада на заканата на египетскиот претседател Сиси со воена интервенција

По изјавите на египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси коишто содрежа закана со воена интревенција врз Либија, либискиот министер за надворешни работи Фетхи Башага покажа остра реакција и на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Властите во братски Египет заборавија дека либискиот народ споделува заедничка историја, верување и судбина со Египет.“

Башага истакна дека не прифаќаат да и се наштети на безбедноста на Египет, но дека неговата земја е спремна и да се бори за одбрана на сопствената земја.

Либискиот министер за надворшени работи Фетхи Башага рече: „Либијците не прифаќаат ѝ да и се наштети на безбедноста на Египет ѝ да се упатува закана против нивната земја. Бидејќи, тоа претставува пат од којшто нема враќање и за двете земји. Црвените линии се зацртани со крвта на Либијците. Либијците се спремни да постигнат мир со оние кои сакаат мир; не за нападѓање, но се спремни и да се борат за одбрана на својата земја.“

Во меѓувреме, либискиот премиер Фајес ал-Сараџ се состана со бригадниот генерал Ибрахим Ахмед Бејтулмал, командантот на одделот на заедничката операција Сирте-Џуфра на либиската армија.

Според објавеното писмено соопштение преку профилот на либиската Влада на социјалната мрежа Фејсбук, Сараџ и Бејтулмал разговараа за воените операции коишто се реализираат во Сирте и Џуфра и за одбрана на цивилите.

Во вчерашното објавено соопштение од либиската Влада, изјавите на египетскиот претседател Сиси коишто содржат закани со воена интервенција врз Либија, беа окарактеризирани како мешање во внатрешните работи на Либија и „објавување на војна“.

Инаку, египетскиот претседател Абдулфетах ес-Сиси за време на неговата посета на единиците на воздушните сили во близина на либиската граница ја даде пораката дека „египетската армија, доколку затреба би можела да реализира воена задача надвор од границите на земјата“.

Велејќи дека ќе ги обучуваат и наоружуваат племињата и родовските заедници во Либија, Сиси го рече следното: „Сирте и Џугфра се нашата црвена линија. Либија нема да ја брани никој друг освен Либијците. Подготвени сме да помогнеме и да дадеме поддршка. Бидете спремни за да исполните било каква задача внатре во нашите граници или ако затреба надвор од нашите граници.“



Слични вести