Продолжуваат протестите во Велика Британија

Освен во Лондон, протести се одржаа и во Ковентри и Њукастл како и Глазгов во Шкотска

1440092
Продолжуваат протестите во Велика Британија

Денес се навршуваат четири недели од протестите против расизмот во Велика Британија.

Демонстрантите кои вчера на пладневните часови се собраа во Хајд Парк во Лондон, често извикуваа слогани како што се „Животот на црнците е важен“, „Ако нема правда нема и мир“, „Велика Британија не е невина“.

Демонстрантите во рацете носеа транспарентина кои пишуваше „Доста веќе“, „Вашето  молчење е расизам“ и од властите бараа да преземат конкретни чекори против дискриминацијата и расизмот.

Освен во Лондон, протести се одржаа и во Ковентри и Њукастл како и Глазгов во Шкотска.

Протестите  и демонстрациите против расизмот кои започнаа по бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај од страна на полицијата во САД, преараснаа и во Велика Британија.

Демонстрантите на протестите често се судираа со полицијата, поради што беа повредени голем број полицајци а исто така беа приведени голем број демонстранти.

Во Бристол беше урната статуата на еден трговец со робови, додека на статуата на поранешниот премиер Винстон Черчил во Лондон беше напишано „И тој беше расист“.



Слични вести