Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Во последните 24 часа на копното на Кина беа утврдени 26, а во Јужна Кореја 48 случаи на новоинфектирани од Ковид-19.

1440138
Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 466 илјади, на заразените над 8 922 000, а на оздравените над 4 743 000.

Во последните 24 часа на копното на Кина беа утврдени 26, а во Јужна Кореја 48 случаи на новоинфектирани од Ковид-19. Досега во Кина како последица на вирусот умреа 4 634 лица, додека вкупниот број на заразените достигна 83 378. Во Јужна Кореја умреа 280, додека брјот на заразените се зголеми на 12 421.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Мадагаскар  изнесува 13. Од почетокот на епидемијата досега во земјата се регистрирани 1 513 случаи на инфектирани од Ковид-19. Мадагаскар соопшти дека хербалниот лек „Covid Organics (CVO)“ којшто усоврши во борбата против Ковид-19 ќе го произведува во вид на капсули.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Индија во последните 24 часа се зголеми за уште 306 и достигна 13 254, додека бројот на заразените се зголеми за уште 15 413 и изнесува 410 461.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Африка во последните 24 часа изнесува 7 949, додека бројот на заразените изнесува над 300 илјади. До денес, најголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Африка беа забележани во Египет. Бројот на смртните случаи во Јужноафриканската Република изнесува 1 877, во Алжир 837, во Судан 521, во Нигерија 506 и во Камерун 301.



Слични вести