Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 7.713, а на случаите на зараза достигна до 288.812 лица

1439603
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 462 илјада 693 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 8 милиони 766 илјади, а досега оздравеа повеќе од 4 милиони 627 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Ирак, од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 69 лица, а се регистрирани 1.635 новозаразени, со што вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 925, а на случаите на зараза на 27.352 лица.

Во Јордан, кадешто досега има 9 човечки загуби, во објавеното писмено соопштение од Министерството за здравство се истакнува дека се дијагностицирани уште 7 новозаразени, а 11 лица оздравеа. Во соопштението се вели дека бројот на случаите на зараза во земјата изнесува 1.008, а досега оздравеа вкупно 708 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на 7.713, на случаите на зараза достигна до 288.812 лица, досега оздравеа вкупно 135.176, а бројот на активни случаи на континентот изнесува 145.923.

Најголем број човечки загуби од коронавирусот (Ковид-19) во Африка досега има во Египет кадешто починаа 2.017 лица,а потоа следуваат Јужноафриканската Република со 1.831, Алжир 825, Судан 506, Нигерија 487, Камерун 282 и Мароко со 213 починати.

Во Египет, со смртта на уште 79 лица во изминатите 24 часа, вкупниот број на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 2.017 лица. Регистрирани се уште 1.774 новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза во земјата се искачи на 52.211 лица.

Во Алжир, се потврдени уште 14 смртни случаи со што бројот на починатите се зголеми на 825, а со регистрирани уште 119 новозаразени бројот на инфектираните се искачи на 11.504 лица.

 



Слични вести