Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД, кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот, надмина 121 илјада 429, а на случаите на зараза се зголеми на над 2 милиони 298 илјади

1439602
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 463 илјада 463 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 8 милиони 801 илјада, а досега оздравеа повеќе од 4 милиони 567 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД изнесува над 121 илјада 429, а на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 298 илјади. Издадено е предупредување дека сојузната држава Флорида би можела да стане нов епицентар на епидемијата во земјата. Имено, во Флорида досега животот го загубија повеќе од 3 илјади лица, додека со регистрирани 3.822 новозаразени во изминатите 24 часа, вкупниот број на случаите на зараза се искачи на над 89 илјади лица. Во меѓувреме, повторно премина во раст бројот на случаите на зараза од Ковид-19 и во сојузните држави Алабама, Аризона, Калифорнија, Невада, Северна Каролина, Оклахома, Орегон, Јужна Каролина и Тексас.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 49.090, а на случаите на зараза на 1 милион 38 илјади 568 лица.  

Во Велика Британија, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа со раст за уште 128 лица се зголеми на вкупно 42.589, а бројот на случаите на зараза со раст за 1.295 се искачи на 303.110 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 47 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 34.561, додека бројот на активни случаи се намали за 1.558 и опадна на 21.543 заболени пациенти. Во Италија се регистрирани 251 нов случај со што вкупниот број на инфектираните од вирусот досега изнесува 238.011 лица.

Во Франција, од епидемијата во изминатите 24 часа во болниците починаа уште 14 лица, со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 29.617, додека бројот на случаите на зараза со раст за уште 811 лица се искачи на 159.452 лица.

Во Шпанија, кадешто бројот на починатите од Ковид-19 изнесува 28.315, а на случаите на зараза се зголеми на  вкупно 292.655 лица, по 98 дена ноќва на полноќ истекува прогласената вонредна состојба на 14 март од страна на левичарската коалициона Влада. Премиерот Педро Санчез го рече следното: „Вирусот се уште е меѓу нас и вториот бран може повторно да се потресе. За да не дојде до тоа по секоја цена треба да водиме борба.“ Во меѓувреме, здравствените работници во Шпанија кои дадоа 63 жртви од своите колеги, денеска одржаа протест на територијата на целата земја. 

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот (Ковид-19) починаа уште 647 лица. Според податоците на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 20.394 лица. Бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во земјата пак, до раст за 5.030 лица се зголеми на 170.485.

Во Канада, бројот на починатите од Ковид-19 во изминатите 48 часа се зголеми за уште 89 лица и достигна до 8.396. Федералното министерство за здравство соопшти дека пред 2 дена бројот на случаите на Ковид-19 изнесуваше 101.074 и со раст од 790 лица се искачи на 101.864 лица.

Во сојузната држава Викторија во Австралија, превентивните мерки за Ковид-19 коишто беа олабавени, поради продолжување на растот во бројот на случаите на зараза, повторно се заострени.

Во Перу, со смртта на уште 199 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите се зголеми на 7.660, а на случаите на зараза со раст од 3.537 лица се искачи на вкупно 247.925.

Во Еквадор, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 4.156, а во Колумбија на 2.045 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: Белгија 9.695, Германија 8.960, Холандија 6.081, Шведска 5.053, Чиле 4.093.

 



Слични вести