МНР на Либија го отфрли повикот на Египет за одржување на состанок за Либија во Арапската лига

Либиското Министерство за надворешни работи го отфрли повикот на Каиро за одржување на вонреден состанок посветен на прашањето со Либија на ниво на министри за надворешни работи на Атапскаа лига (АЛ)

1439717
МНР на Либија го отфрли повикот на Египет за одржување на состанок за Либија во Арапската лига

Либиското Министерство за надворешни работи го отфрли повикот на Египет за одржување на состанок за Либија во Арапската лига (АЛ).

Според веста објавена од страна на приватниот телевизиски канал „Либија Ал-Ехрар“ повикувајќи се на еден извор на либиското Министерство за надворешни работи, владата во Триполи го отфрли повикот на Каиро за одржување на вонреден состанок посветен на прашањето со Либија на ниво на министри за надворешни работи на Арапската лига (АЛ).

Како што се истакнува, либиското Министерство за надворешни работи соопшти дека одржувањето на еден ваков вид состанок е „во спротивност со општите практики“ и „властите во Каиро не се консултираа со Владата на национално единство во врска со состанокот за којшто се тврди дека ќе се одржи“.

Освен тоа, МНР на Либија го нагласи следното: „Во случаи кога нема да се надгледуваат правилата и подготвителните активности, го задржува свото право на противење против документот којшто ќе произлезе од било каков состанок.“

Инаку, генералниот секретаријат на Арапската лига (АЛ) доби од Египет повик за одржување на вонреден состанок за преговарање за случувањата во Либија.

Од страна на либиската Влада пак, засега не е објавени било какво официјално соопштение по прашањето.

Воедно и Арапската лига (АЛ) засега не ја соопшти својата одлука по прашањето на состанокот за кој станува збор.



Слични вести