Критки од Хеико Мас и Жан-Ив Ле Дријан против плановите на Израел за анексија

Германскиот министер за надворшени работи Хеико Мас и францускиот министер за надворшени работи Жан-Ив Ле Дријан на одржаната заедничка прес-конференција во Берлин ги критикуваа плановите на Израел за анексија на палестинските територии

1439639
Критки од Хеико Мас и Жан-Ив Ле Дријан против плановите на Израел за анексија

Германскиот министер за надворшени работи Хеико Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан се состанаа во Берлин.

По остварената средба лице в лице двајцата шефови на дипломатии одржаа заедничка прес-конференција на која Хеико Мас истакна дека се загрижени од плановите на Израел за анексија на Западниот Брег.

Укажувајќи на тоа дека во светот постојат бројни спорови, Мас истакна дека посакуваат да се одбрани мултилатералноста и да се зајакне меѓународниот поредок заснован на правила.

Хеико Мас појасни дека со својот француски колега го разгледале и Блискоисточниот мировен процес, во врска со што го рече следното: „И двајцата чувствуваме загриженост од плановите на Израел за анексија, и тоа не само за Израел, туку за стабилноста и безбедноста на целиот регион.“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан исто така нагласи дека мировниот процес на Блискиот исток треба да продолжи и рече: „Работиме блиско со нашите партнери во Европа за спречување на анексијата.“

Укажувајќи на тоа дека евентуалната анексија ќе значи прекршување на меѓународното право, Ле Дријан појасни дека решението со две држави е единствено решение за заеднички живот во мир на Израел и Палестинците, во иднина.

Ле Дријан напомена дека анексијата ќе доведе до нестабилност во регионот и дека не сакаат да дојде до тоа.



Слични вести