НАТО се подготвува наспроти евентуалниот втор бран на Ковид-19

Министрите за одбрана постигнаа согласност за новиот оперативен план и фондот со кој ќе се обезбеди складирње ма залихи на медицински средства и опрема, складирање на медицинска опрема и брза набавка на неопходните медицинска опрема и препарати

1439174
НАТО се подготвува наспроти евентуалниот втор бран на Ковид-19

НАТО го усвои оперативниот план наспроти евентуалниот втор бран на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече:

„НАТО се подготвува за вториот евентуален бран. Министрите за одбрана постигнаа согласност за новиот оперативен план и фондот со кој ќе се обезбеди складирње ма залихи на медицински средства и опрема, складирање на медицинска опрема и брза набавка на неопходните медицинска опрема и препарати.“

Столтенбер по дводневната конференција со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО одржа прес конференција.

Основна задача ан НАТО е одбрана и одвраќање на непријателот, рече Столтенберг потенцирајќи дека вториот ден на седниците разговарале и за евентуалниот втор бран на епидемијата на Ковид-19.

Здравствените претставници не предупредија на евентуална можност од нов втор бран на Ковид-19, поради што треба да бидеме внимателни здравствената криза да не прерасне во безбедносна криза, подвлече Столтенберг.



Слични вести