Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Владата на Словенија воведува 14 дневен карантин за посетителите од Босна и Херцеговина, Србија и Косово

1438989
Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 455 илјади, на заразените над 8 546 000, а на оздравените над 4 497 000.

Со повторниот пораст на инфектираните и смртните случаи од Ковид-19 на Балканот, земјите на регионот почнаа да ги враќаат претходните мерки.

Владата на Словенија соопшти дека по утврдувањето на „увозните случаи од Ковид-19“, почнувајќи од денес, за посетителите од Босна и Херцеговина, Србија и Косово воведува 14 дневен карантин.

Во Црна Гора, од мај наваму немаше активни случаи на Ковид-19, но со доаѓањето на посетителите од странство, од недела наваму беа утврдени 9 случаи на инфектирани од Ковид-19, поради што за посетителите од Босна  Херцеговина постави услов да дојдат со негативен тест. Црна Гора од вчера проласи задолжително носење маски во земјата.

Со утврдувањето на 77 нови заразени на Косово, владата презеде нови мерки во борбата против Ковид-19. За вработените беше воведено задолжиттелно носење маски и одржување на физичкото растојание, поради што издадоа наредба да се овозможат можности за работа од дома.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Азербејџан се зголеми на 139, додека бројот на заразените во последните 24 часа се зголеми за уште 338 и изнесува 11 329.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Белорусија во последните 24 часа се зголеми за уште 7 и изнесува 331, додека бројот на заразените се зголеми за уште 625 и изнесува 56 657.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Молдавија во последните 24 часа се зголеми за уште 11 и изнесува 444, додека бројот на заразените се зголеми за уште 374 и изнесува 13 106. 2 040 од инфектираните се здравствени работници.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Таџикистан изнесува 51, додека бројот на заразените во последните 24 часа се зголеми за уште 58 и изнесува 5 279. Согласно одлуката којашто ја усвои Советот за спречување на Ковид-19 на Таџикистан, со олабавување на мерките, почнувајќи од 20 јуни граѓаните ќе можат да прават свадби и да одржуваат помали свечености на кои најмногу ќе можат да учествуваат 100 лица.



Слични вести