САД споделија докази за тоа како руски авиони летаат во Либија

Командата на силите на САД за Африка (АФРИКОМ) сподели фотографии коишто служат како доказ за руската поддршка поготово од воздух на пучистичкиот генерал Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија

1438779
САД споделија докази за тоа како руски авиони летаат во Либија

Соединетите Американски Држави (САД) споделија докази во врска со летот на руските авиони во Либија.

Командата на силите на САД за Африка (АФРИКОМ) истакна дека во првата споделена сателитска фотографија во воздушната база Ал Џуфра се распоредени руски радари за предвремено предупредување од типот „P-18 Terek“ кои од страна на НАТО се нарекувани „Spoon Rest“.

Командата истакна дека Москва овие радари ги испраќа во земјите во кои во основа реализира операции.

АФРИКОМ соопшти дека втората сателитска фотографија е сликана при полетување на руски авиони од воздушната база Ал Џуфра, а воедно појасни дека е утврдено и тоа како руски авиони (Миг-19) летаат во областите во близина на либискиот град Сирте.

Во соопштението објавено од страна на Командата на силите на САД за Африка (АФРИКОМ) се вели следното: „Наоружаните авиони со екипаж коишто Русија ги испрати во Либија ја променија природата на сегашниот судир и ги зголемија потенцијалните ризици против Либијците и особено против невините цивили.“

Во соопштението се истакнува дека Русија како „трговец на оружје број еден“ во Африка ги искористува судирите и нестабилноста на континентот, а исто така и се одделува место и на следната информација: „Руската Влада со поддршка на приватни безбедносни компании како што е Вагнер е активна во 16 земји во Африка.“

 



Слични вести