Расте биланост на Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените во светот изнесува над 4 372 000

1438249
Расте биланост на Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 450 илјади, на заразените над 8 352 000, а на оздравените над 4 372 000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми за уште 233 и изнесува 42 153, додека на инфектираните изнесува околу 300 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 43 и изнесува 34 448, додека на инфектираните со раст од 329 и пад на активните случаи на инфектирани за 664 изнесува 237 828.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во болниците во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 28 и изнесува 29 575, додека бројот на инфектираните со раст од 458 се зголеми на 195 579.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи во последните седум дена изнесува 30. Вкупниот број на смртни случаи во оваа земја беше замрзнат и изнесува 27 136. Бројот на новоинфектираните изнесува 244 683.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија во последните 24 часа 1 523, додека бројот на новите случаи се зголеми на 37 672.



Слични вести