Предупредување од ЕУ до Израел во врска со плановите за анексија на палестинските територии

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносни политики Жозеп Борел предупреди дека доколку Израел ги окупира палестинските територии тоа ќе влијае на постоечките блиски билатерални односи меѓу Европската унија (ЕУ) и оваа земја

1438713
Предупредување од ЕУ до Израел во врска со плановите за анексија на палестинските територии

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносни политики Жозеп Борел во говорот што го одржа пленарната седница на Европскиот парламент (ЕП) направи проценка на плановите на Израел за анексија на палестинските територии.

Борел предупреди дека доколку Израел ги окупира палестинските територии тоа ќе влијае на постоечките блиски билатерални односи меѓу Европската унија (ЕУ) и оваа земја.

Подвлекувајќи дека ставот на Европската унија (ЕУ) по ова прашање е јасен, Борел привлече внимание дека земјите членки на Унијата го поддржуваат решението со две држави за коешто ќе се преговара и дека постои силен став по прашањето на тоа дека анексијата ќе претставува начин на однесување во спротивност со меѓународното право.

„Го повикуваме Израел да избегнува од начини на однесување коишто ќе значат еднострана анексија на окупираните палестински територии.“ рече Борел.

Велејќи дека оваа можност онака како што ќе му наштети на решението со две држави ќе влијае и на регионалната стабилност и на односите на Израел со арапските земји, Жозеп Борел го рече следното: „Доколку Израел ги окупира палестинските територии тоа ќе влијае на нашите постоечки блиски билатерални односи.“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносни политики Жозеп Борел привлече внимание дека Европската унија (ЕУ) има обврски согласно меѓународното право и правото на Европската унија (ЕУ), а воедно додаде дека продолжува контактот со израелските функционери за да не се оствари анексијата на палестинските територии.



Слични вести