Антируски потег на НАТО

И натаму продолжуваат напорите на државните и недржавните актери за дестабилизација на Алијансата

1438563
Антируски потег на НАТО

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО по состаноците на првиот ден на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата во Брисел, одржа прес конференција.

Столтенберг на конференцијата рече дека министрите за одбрана се фокусирани кон одвраќање и одбрана, потенцирајќи дека и натаму продолжуваат напорите на државните и недржавните актери за дестабилизација, нанесување штета и распарчување на сојузниките земји.

Земјите членки на НАТО се спремни за одбрана наспроти сите евентуални закани.

Расте способноата на Русија од аспект на нуклеарните ракети, посочи Столтенберг и додаде дека официјална Москва со соединување на нуклеарните активности со „нуклеарната реторика“ игра опасна и дестабилизирачка улога.

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО постигнаа консензус во врска со еден рамнотежен пакет кој содржи политичките и вони сегменти против предзвиците на Русија. Во тие рамки, донесовме одлука за унапредување и развој на противвоздушната и противракетната одбрана, традиционалната способност, разузнавањето и вежбите“ рече Столтенберг.



Слични вести