Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 12 припадници на безбедносните сили

Талибански милитанти реализираа напад врз воена станица во населеното место Акча во провинцијата Џузџан во северниот дел на Авганистан во кој загинаа 12 припадници на безбедносните сили

1437949
Во напад на талибанските милитанти во Авганистан загинаа 12 припадници на безбедносните сили

Во реализиран напад од страна на талибанските милитанти врз воена станица во населеното место Акча во провинцијата Џузџан во северниот дел на Авганистан загинаа 12 припадници на безбедносните сили.

Портпаролот на губернијата на Џузџан Абдул Маруф Азер во дадената изјава за печатот истакна дека талибанските милитанти реализираа вооружен напад врз воената станица Балаихисар во центарот на Акча.

Азер рече дека во нападот загинаа 12 припадници на безбедносните сили, 5 мина се ранети, а четворица се заробени од страна на милитантите.

Споделувајќи ја информацијата дека во судирот до којшто дојде по нападот беа убиени 5 милитанти, а 10 милитанти се ранети, Азер додаде дека откако во областа пристигнаа дополнителни воени единици нападот на талибанските милитанти беше одбиен.

Од страна на Талибан засега не е објавено било какво соопштение во врска со нападот.



Слични вести