Судир помеѓу индиските и кинеските војници: Има голем број загинати

Индиската новинска агенција „ANI“ соопшти дека во период кога се настојува да се намали затегнатоста во Долината Галван во спорната област Ладак дојде до „жесток судир“ помеѓу индиските и кинеските војници во кој има голем број загинати

1437485
Судир помеѓу индиските и кинеските војници: Има голем број загинати

Во североисточниот дел на Индија дојде до судир помеѓу индиските и кинеските војници при што загинаа 20 индиски војници.

Индиската новинска агенција „ANI“ соопшти дека во период кога се настојува да се намали затегнатоста во Долината Галван во спорната област Ладак дојде до „жесток судир“ помеѓу индиските и кинеските војници во кој има голем број загинати.

Според добиени информации од индиски владини извори, во судирит загинаа 20 индиски војници меѓу кои има и офицери. 

Во вестите се истакнува дека ова беше најжесток судир помеѓу двете земји во последните 45 години.

Во веста на индиската новинска агенција „ANI“ исто така се наведува дека од кинеска страна загинаа или се тешко ранети повеќе од 43 војници.

Инаку, затегнатоста помеѓу Индија и Кина во однос на суверените права во областа Ладак беше покачена во 2017 година.

Поглемиот дел од пограничната линија во должина од 3.500 километри помеѓу двете земји, често станува причина за спорови и дискусии околу суверенитетот.

 



Слични вести