Преглед на состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД, кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот, изнесува 119 илјади 127 лица, а на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 207 илјади 795 лица.

1437382
Преглед на состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 450 илјади, на случаите на зараза се зголеми на над 8 милиони 381 илјада, а досега оздравеа 4 милиони 376 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД изнесува 119 илјади 909 лица, а на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 231 илјада 909 лица. Како што се истакнува бројот на починатите од Ковид-19 во домовите за старци изнесува над 50 илјади, што пак сочинува околу 40 отсто од вкупниот број на смртните случаи од вирусот во САД.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, со смртта на уште 1.282 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 по изминати 4 дена повторно се зголеми на над илјада. Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 46.510 лица, а на инфектираните со регистрирани уште 26.543 новозаразени достигна до вкупно 955.377 лица.

Во Велика Британија, која е епицентар на глобалната епидемија во Европа, бројот на смртните случаи за еден ден се зголеми за уште 233 лица и достигна до вкупно 41.969, додека бројот на случаите на зараза со раст од 1.279 се искачи на 298.136 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 34 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 34.405, а на инфектираните со раст од 210 новозаразени се искачи на вкупно 237.500 лица. Бројот на активни случаи во Италија продолжува да опаѓа  и изнесува 24.569 заболени пациенти.

Во Франција, од епидемијата за еден ден во болниците починаа уште 38 лица, а во последната една недела во домовите за старци животот го загубија 73 лица. Вкупниот број на смртните случаи во Франција се зголеми на 29.547, додека бројот на случаите на зараза со раст за уште 344 лица се искачи на 157.716 лица.

Во Шпанија, Министерството за здравство соопшти дека бројот на починатите од Ковид-19 во последната една недела изнесува 25 лица. Бројот на смртните случаи во земјата којшто на 7 јуни беше замрзнат остана на вкупно 27.136 починати, а освен тоа е соопштено дека бројот на случаите на зараза со раст за уште 76 новозаразени се зголеми на вкупно 291.408 лица.

Во Португалија, во изминатите 24 часа од коронавирусот (Ковид-19) животот го загубија уште 2 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 1.522, додека заедно со уште 300 регистрирани новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 37.336 лица.

Во Мексико, бројот на смртните случаи со смртта на уште 730 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 18.310 лица, а на случаите на зараза со регистрирани уште 4.599 новозаразени се искачи на 154.863 лица.

Во Хондурас, кадешто досега има 330 починати, претседателот Хуан Орландо Хернандез во една телевизиска програма на која беше гостин соопшти дека самиот и неговата сопруга Ана Гарсиа Хернандез се позитивни на Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји во светот е вака: Бразил 45.456, Мексико 18.310, Канада 8.213, Перу 7.056, Холандија 6.070, Шведска 4.939, Еквадор 3.970.

 



Слични вести