Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1437462
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 446 илјади 500 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 8 милиони 282 илјади, а досега оздравеа 4 милиони 337 илјада заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на пандемијата Ковид-19, во изминатите 24 часа се регистрирани 44 новозаразени од кои 31 случај во главниот град Пекинг. на тој начин, бројот на утврдените случаи на зараза од вирусот од 12 јуни досега се зголеми на 137 лица. Поради порастот на случаите на зараза од пазарот за храна на големо Шинфади во Пекинг е зголемено нивото на аларм во градот и е донесена одлука за пауза во сите училишта. На аеродромите во главниот град Пекинг се прекинати патувањата помеѓу провинциите и се откажани 1.255 летови. Во Кина досега од Ковид-19 животот го загубија 4.634 лица, а се регистрирани 83.221 случај на зараза.

Во Јужна Кореја, за еден ден се регистрирани 43 нови случаи на зараза, со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 12.198 лица.

Во Египет, со смртта на уште 94 лица заболени од Ковид-19 бројот на човелките загуби се зголеми на 1.766 лица од кои 68 се лекари. Со регистрирање на уште 1.567 новозаразени во изминатите 24 часа пак, бројот на случаите на зараза се зголеми на 47.856 лица.

Бројот на смртните случаи на континентот Африка се зголеми на 7.026, а на случаите на зараза достигна до 261.581 лице.

Најголем број човечки загуби од Ковид-19 во Африка досега има во Египет кадешто починаа 1.766 лица. По оваа земја следуваат Јужноафриканската Република со 1.625, Алжир 788, Судан 477, Нигерија 455, Камерун 276 и Мароко со 212 починати.

Бројот на оздравените лица пак, надмина 120 илјади заболени од вирусот.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други источни земји е вака: Иран 9.065, Русија 7.478, Пакистан 2.975, Индонезија 2.231, Јужноафриканската Република 1.625, Саудиска Арабија 1.052, Јапонија 927.

Во Индија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 2.003 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 11.921 лице, Како што се истакнува, причина за ваквиот нагол раст во бројот на регистрираните човечки загуби од Ковид-19 во последниот еден ден во земјата се претходно нерегистрираните смртни случаи во провинцијата Махараштра. Бројот на случаите на зараза пак, со раст за уште 10.974 новозаразени се искачи на 354.065 лица.

Во Израел, со регистрирање за еден ден на уште 299 инфектирани од Ковид-19 е постигната највисоката бројка на случаи на зараза дневно од 22 април досега, со што и вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 19.637 лица. Доживеаниот раст во бројот на случаите на зараза стана причина за загриженост дека „почнува вториот бран на епидемијата“.



Слични вести