Италија бара да се поведе независна и транспарентна истрага во врска со масовните гробници во Терхуне, во Либија

Во објавеното писмено соопштение од италијанското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Италијанската Влада западна во ужас поради големиот број пронајдени масовни гробници во областа Терхуне“

1437503
Италија бара да се поведе независна и транспарентна истрага во врска со масовните гробници во Терхуне, во Либија

Италија упати повик за поведување на „независна и транспарентна истрага“ во врска со пронајдените масовни гробници во градот Терхуне во Либија.

Во објавеното писмено соопштение од италијанското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Италијанската Влада западна во ужас поради големиот број пронајдени масовни гробници во областа Терхуне.“

Во продолжението на соопштението се вели следното: „Италија бара да биде поведена независна и транспарентна истрага за утврдување и казнување на одговорните. Италија, ги повикува сите страни кои се замешани во судирите да ги почитуваат целосно човековите права и меѓународното хуманитарно право.“

Инаку, либиската армија која на 5 јуни го исчисти градот Терхуне од милициските сили на Халифа Хсафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, во една болница во градот пронајде 106 мртви тела, а потоа на 12 јуни пронајде и 3 масовни гробници во руралните подрачја на истиот град.



Слични вести