Расте биланост на Ковид-19 во светот

САД и Велика Британија и натаму продолжуваат да важат за земји со најголем број на змртни случаи и заразени од Ковид-19

1436673
Расте биланост на Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 47 илјади, на заразените над 8 00 068, а на оздравените над 4 175 000.

САД со 117 865 смртни случаи сеуште важат за земја во која се забележуваат најголем број на смртни случаи и заразени од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19). Управата за храна и лекови на САД соопшти дека поради бескорисност во борбата против Ковид-19, ја укина употребата на лекот хидроксиклорокин.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми за уште 38 и изнесува 41 736, додека на инфектираните со раст од 1 056 се зголеми на 296 875. Почнувајќи од вчера, во Британија беа отворени продавниците, кои беа затворени на 23 март во рамките на мерките што ги презеде владата.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 26 и изнесува 34 371, додека на инфектираните со раст од 303 и пад на активните случаи на инфектирани изнесува 25 909. Почнувајќи од вчера во Италија беа отворени обложувалниците, центрите за здрав живот, бањите, салите за концерти, центрите за социјални и културни манифестации и летните школи за децата. Заменик министерот за здравство на Италија Пјерполи Силери во изјавата за Радио Раи рече „Повторно се враќаме за да здивнеме“. Состојбата се подобрува. По повторно отворање, не наѕира опасност од втор бран на вирусот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во болниците во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 29 и изнесува 29 436, додека бројот на инфектираните со раст од 152 се зголеми на 194 777.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи во последните седум дена изнесува 25. Вкупниот број на смртни случаи во оваа земја беше замрзнат и изнесува 27 136. Бројот на новоинфектираните во последните 24 часа се зголеми за уште 40 и изнесува 244 109.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија во последните 24 часа се зголеми за уште 3 и изнесува 1 520, додека бројот на новите случаи со раст од 346 се зголеми на 37 036.



Слични вести