НАТО изрази загриженост од растечките дејствија на Русија во Источниот Медитеран и особено во Сирија и Либија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека чувствува загриженост од растечките дејствија на Русија во Источниот Медитеран и особено во Сирија и во Либија

1437116
НАТО изрази загриженост од растечките дејствија на Русија во Источниот Медитеран и особено во Сирија и Либија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на одржаниот состанок за претставниците на печатот пред состанокот на Министрите за одбрана на НАТО истакна дека ситуацијата во Либија продолжува да станува многу опасна.

„Чувствувам длабока загриженост од извештаите коишто се појавуваат во врска со масовните гробници и го поддржувам повикот на Обединетите нации (ОН) за поведување истрага.“ - рече Столтенберг.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг истакна дека чувствува загриженост од растечките дејствија на Русија во Источниот Медитеран и особено во Сирија и во Либија.

Подвлекувајќи дека НАТО ги поддржува Берлинскиот процес и иницијативите коиѓто се водат под покровителство на Обединетите нации (ОН) за воспоставување на мирот во Либија, Столтенберг појасни дека мисли оти прашањето ќе биде поставено на дневен ред и на состанокот на Министрите за одбрана и дека во рамките на Алијансата во последните недели се разгледуваат случувањата во Либија.

„НАТО, истовремено чувствува загриженост од растечките дејствија на Русија, во Источниот Медитеран, а особено како во Сирија, така и во Либија. Ситуацијата ја следиме одблизу.“ - додаде генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

 



Слични вести