Кремљ: Мораме да ги преземеме неопходните мерки против НАТО

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека мораат да ги преземат неопходните мерки против активностите на НАТО за проширување на својата воена инфраструктура кон границите на неговата земја

1437223
Кремљ: Мораме да ги преземеме неопходните мерки против НАТО

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков во дадената изјава во главниот град Москва направи проценка на тоа што НАТО и даде на Украина статус на партнерска земја со напредни овластувања.

Песков истакна дека мораат да ги преземат неопходните мерки против активностите на НАТО за проширување на својата воена инфраструктура кон границите на неговата земја.

Велејќи „Не мислиме дека тоа ќе придонесе кон зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа“, Песков привлече внимание дека НАТО ја проширува својата воена инфраструктура кон границите на Русија и го рече следното: „Мораме да ги преземеме неопходните мерки за воспоставување на нашата сопствена безбедност против тоа.“

Песков напомена дека НАТО е формирано како „инструмент на соочување“ и рече: „Со внимателност ги следиме процесите во врска со активностите на НАТО со кои приклучува кон себе нови земји во различни формати.“

Инаку, НАТО минатата недела донесе одлука на Украина да и се даде статус на „  „  “  “

Geçen hafta NATO Ukrayna'ya, "Geliştirilmiş Fırsatlar Ortağı" statüsü verme yönünde karar almış, Ukrayna hükümeti de bu kararı memnuniyetle karşıladığını açıklamıştı.

 



Слични вести