Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Досега од Ковид-19 во Русија умреа 7 284, додека бројот на заразените изнесува 545 458

1437002
Билансот на Ковид-19 во Азија, Африка и Латинска Америка

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 439 50, на заразените над 8 136 000, а на оздравените над 4 248 000.

Досега од Ковид-19 во Русија умреа 7 284, додека бројот на заразените изнесува 545 458.

Бројот на смртните случаи во Иран изнесува 9 065, на заразените 192 439. По Хузестан, за „црвени аларматни зони“ од Ковид-19 беа прогласени и Западен и Источен Азербејџан, резеви Хорасан, Лорестан, Керманшах, Голестан, Хормозган, Курдистан и Систан-Белуџистан. На почетокот на месецот, дневната бројка на заразени во Иран се намали под илјада, додека со укинувањето на забраните, повторно почна да расте бројот на заразенте. Како последица на зголемувањето на бројот на смртните случаи и заразените, во техеран беше забележан пад на интензивноста на раздвиженоста и луѓето се повлекоа во домовите.

На копното на Кина беа утврдени 40, во Јужна Кореја 34 новоинфектирани. Поголемиот број од заразените во Пекинг беа утврдени на пазарот за трговија на големо и мало Синфади и околината. Три новоинфектирани случаи беа утврдени на еден друг пазар во близината на Синфади, поради што подрачјето беше земено од карантин. Во Пекинг повторно беше воведена забрана за патување.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Индија во последните 24 часа се зголеми за уште 380 и изнесува 9 915, додека бројот на инфектираните со раст од 10 667 се зголеми на 343 091.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Кенија изнесува 104, додека бројот на инфектираните се зголеми за уште 133 и изнесува 3 727. Владата на Кенија соопшти дека усвои одлука за продолжување на мерките во борбата против Ковид-19 до јули. Во меѓувреме започна истрага во врска со исчезнувањето на комплетите за тестирање и медицинската опрема кои од Кина беа испратени во оваа земја.

Бројот на заразените од Ковид-19 во Вестерн Кејп во Јужноафриканската Република изнесува 98 учители и 1800 ученици. Бројот на смртните случаи во оваа земја зинесува 1 480, додека бројот на заразените се зголеми на 70 038.

ОН упати предупредување до Јемен по повод зголемувањето на бројот на смртните случаи во последните 24 часа која бројка досигна 48 и вкупно изнесува 2008, додека бројот на заразените изнесува 844. Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Канцеларијата за координација на ОН беше истакнато дека зголемената стапка на смртни случаи дури до 25 отсто која предизвикува гоема загриженост, е 4 пати поголема од светскиот просек.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 Судан изнесува 468, додека на заразените се зголеми за уште 213 и изнесува 7 220.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Чад изнесува 73, додека во последните 24 часа бројот на новоинфектирание се зголеми за уште 850.

Претседателот на Бурунди Пјер Нкурунзиза умрел од срцев удар, а не од Ковид-19, како што беа изнесени одредени тврдења. Според информациите кои беа објавени во националните медиуми на Бурунди, причината за смртта на претседателот Нкурунзиза не е срцев удар, како што беа објавени службени изјави. Напротив Нкурунзиза бил инфектиран од Ковид-19. Во информациите се истакнува дека властите не ја прифатиле сериозно епидемијата на Ковид-19, поради што ја заташкуваат вистината за смртта на претседателот.

Според досегашните информации за биланост на Ковид-19 во некои земји во Африка, во продолжение ви ги пренесуваме бројките за смртните случаи, Според тоа, бројот на смртните случаи во Египет изнесува 1 672, во Јужна Африка 1 568, во Алжир 777, во Нигерија 424, во Камерун 276, во Мароко 212.



Слични вести