Протести во Либан против економската криза во која се наоѓа земјата

Илјадници демонстранти кои се собраа во центарот на главниот град Бејрут и во градот Триполи во северниот дел на земјата протестираа против скапиот живот и губењето на либанската национална валута во вредност пред доларот

1436235
Протести во Либан против економската криза во која се наоѓа земјата

Во Либан, во главниот град Бејрут и во градот Триполи, продолжуваат да се одржуваат протести против економската криза.

Илјадници демонстранти кои се собраа во центарот на главниот град Бејрут протестираа против скапиот живот и губењето на либанската национална валута во вредност пред доларот.

Големиот број демонстранти кои бараат да бидат изнесени пред суд оние кои вршат корупција, да бидат вратени во земјата илегално изнесените пари надвор од земјата и да падне режимот, исто така соопштуваат дека нема да се повлечат од улиците се додека не им бидат исполнети барањата. 

Демонстрантите кои се собраа во градот Триполи во северниот дел на земјата пак, извикувајќи слогани „Триполи е град на мирот“ истакнаа дека се против насилството и хаосот кои што беа доживеани во изминатите денови.

Демонстрантите истакнаа дека остануваат приврзани кон слободата на изразување и дека се против хаосот во градот, а воедно упатија повик до надлежните да ги преземат неопходните мерки. 

Учесниците на протестите во Триполи протестираа против скапиот живот и економската криза, како и да биде побарана сметка од оние кои се замешани во корупција. 

Демонстрантите запалија гуми на улицата Абдулхамид Керами и ја затворија оваа прометна улица за сообраќај.



Слични вести