Протест во главниот град на Холандија, Амстердам против израелскиот план за анексија

На протестот во холандскиот главен град Амстердам, организиран од страна на различни граѓански организации кои ја поддржуваат Палестина, освен голем број Холанѓани учествуваа и различни малцински групи

1435945
Протест во главниот град на Холандија, Амстердам против израелскиот план за анексија

Во главниот град на Холандија, Амстердам се одржа протест против планот на Израел за анексија на незаконските еврејски населби на окупираниот Западен Брег и на Јорданската долина.

На протестот организиран од страна на различни граѓански организации кои ја поддржуваат Палестина, освен голем број Холанѓани учествуваа и различни малцински групи.

Демонстрантите отворија карти со палестинските територии коишто се окупирани од страна на Израел од 1948 година досега и транспаренти на кои пишуваше „Животите на Палестинците се важни“, „Сопрете го расизмот“ и „Не можеме да дишеме од 1948 година“, а алудирајќи притоа на последните зборови на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот на 25 мај во полициско насилство во САД.

Освен тоа демонстрантите често извикуваа и слогани против анексијата.

Одржаните говори од страна на претставниците на различни групи и граѓански организации, беа поддржани од страна на учесниците на протестот со извикување на слогани „Слободна Палестина“, „Ако нема правда, нема ниту мир“ и „Доста веќе“.

Инаку, во наводниот „Блискоисточен мировен план“ на американскиот претседател Доналд Трамп кој го објави на одржаната заедничка прес конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 28 јануари во Белата куќа, се наоѓаат членови незаконските еврејски населби на Западниот Брег да бидат признати за израелска територија, Ерусалим (Кудс) да се признае за неделива престолнина на Израел и управата на Тел Авив да ја продолжи својата власт над Јорданската долина која инаку е палестинска територија.

 



Слични вести