Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1435869
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 436 илјади лица, на случаите на зараза се зголеми на над 8 милиони 28 илјади, а досега оздравеа 4 милиони 148 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на коронавирусот, кадешто починаа 4.634 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 83.132. Како што се истакнува во главниот град Пекинг во околината на пазарот Шинфади којшто беше затворен поради новите регистрирани случаи на зараза ќе бидат направени тестови на повеќе од 46 илјади лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последниот ден со раст за 119 лица се зголеми на 6.948, а на случаите на зараза со раст од 8.835 лица се искачи на вкупно 528.964. Во главниот град Москва кадешто се олабавени мерките за борба против епидемијата во изминатите 24 часа се регистрирани 1.477 новозаразени со што бројот на случаите на зараза се зголеми на 205.905, а со смртта на уште 50 лица бројот на починатите се искачи на 3.281. 

Во Иран, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за уште 107 лица се зголеми на 8.837, а на случаите на зараза со раст за 2.472 лица се искачи на вкупно 187.427. Досега во земјата оздравеа 148.674 заболени од вирусот.

Во Азербејџан, бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 4 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 119, додека со регистрирани 387 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 9.957 лица.

Во Белорусија, во изминатите 24 часа се потврдени уште 4 смртни случаи и бројот на починатите се зголеми на 308, а со регистрирани 732 новозаразени бројот инфектираните достигна до 53.973 лица.  

Во Молдавија, во изминатите 24 часа со уште 8 починати во изминатите 24 часа, бројот на смртните случаи се зголеми на 406, а со регистрирани 240 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 11.740 лица.

Во Таџикистан, кадешто има 50 починати, во изминатите 24 часа се утврдени 64 инфектирани од Ковид-19 и бројот на случаите на зараза се зголеми на 5.035 лица.

Во Казахстан, досега животот го загубија 73 лица, а се инфектирани 14.496. Позитивен тест на Ковид-19 имаше и казахстанскиот министер за здравство Јелжан Биртанов кој е хоспитализиран.

Во Узбекистан, бројот на смртните случаи изнесува 19, додека во изминатите 24 часа со уште 57 новозаразени бројот на случаите на зараза се зголеми на 5.051 лице. Мерките за карантин во земјата коишто важеа до денеска се продолжени до 1 август.

Во Грузија, од новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа 14 лица, а во изминатите 24 часа се регистрирани 13 новозаразени со што бројот на случаите на зараза се зголеми на 867 лица.

Во Египет, бројот на смртните случаи се зголеми на 1.484, а на случаите на зараза на со регистрирани уште 1.677 новозаразени што претставува највисока регистрирана бројка за 24 часа досега се искачи на 42.980 инфектирани. 

Во Индија, во изминатите 24 часа починаа уште 311 лица со што бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 9.195, а со регистрирани 11.929 новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 320.922 лица. Досега во земјата оздравеа 162.379 заболени од вирусот.

Во Пакистан, бројот на починатите се зголеми на 2.719 лица, а на случаите на зараза се искачи на вкупно 145 илјади лица, поради што пак, е донесена одлука за применување на 14 дневен карантин во некои области во земјата.

На континентот Африка, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 6.481 лице, а на случаите на зараза надмина 243 илјади. Најголем број починати од коронавирусот се регистрирани во Египет, кадешто досега животот го загубија 1.575 лица. По оваа земја следуваат Јужноафриканската Републиката со 1.480, Алжир со 767, Судан 459, Нигерија 420, Камерун 214 и Мароко со 212 смртни случаи.

На Сејшелите не е останат ниту еден активен случај на зараза од Ковид-19, додека освен во оваа островска земја на Африка досега не е регистриран ниту еден смртен случај и во Еритреја, Уганда, Намибија и Лесото.

 



Слични вести