Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД изнесува 117.865 лица, на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 162 илјади 896 лица

1435864
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 436 илјади лица, на случаите на зараза се зголеми на над 8 милиони 28 илјади, а досега оздравеа 4 милиони 148 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот.

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД изнесува 117.865 лица, а на инфектираните се зголеми на над 2 милиони 162 илјади 896 лица. 

Eпицентар на коронавирусот во САД, макар и со помал интензитет сѐ уште е Њујорк, каде се заразени повеќе од 405.133 лица, од кои 30.951 починаа.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот, бројот на починатите од вирусот се зголеми на 43.389. Бројот на инфектираните со регистрирани уште 16.828 новозаразени достигна до вкупно 867.882 лица.

Во Велика Британија, која е епицентар на глобалната епидемија во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.698, додека бројот на случаите на зараза достигна до 295.889 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 44 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 34.345, а на инфектираните заедно со уште 338 новозаразени се искачи на вкупно 236.989 лица. Бројот на активни случаи во Италија продолжува да опаѓа и се намали на 26.274 заболени пациенти. Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо истакна дека по епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) 15 јуни (денеска) ќе биде денот кога Европа ќе се отвори повторно. 

Во Франција, со смртта на уште 9 заболени во изминатите 24 часа, бројот на починатите се зголеми на вкупно 29.407 лица, додека бројот на случаите на зараза од вирусот со раст за 407 лица се искачи на 194.625 лица. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека почнувајќи од 22 јуни градинките, основните и средните училишта ќе се вратат во нормала и сите ученици ќе почнат да одат на училиште. Макрон информира дека во главниот град Париз се укинати сегашните мерки за Ковид-19 и дека внатрешните простории на кафетериите и рестораните ќе можат да даваат услуга почнувајќи од денеска. Макрон соопшти дека почнувајќи од денеска ќе биде отворено патувањето внатре во Европа и почнувајќи од 1 јули ќе може да се патува во земјите надвор од Европа во кои епидемијата е ставена под контрола.

Во Шпанија, Министерството за здравство бројот на смртните случаи неделно од Ковид-19 за којшто претходно соопшти дека изнесува 27 го ревидира на 26 починати. Министерството од чија страна вкупниот број на смртни случаи пред една недела беше замрзнат на 27.136 лица, информира дека со додавање на уште 48 случаи на зараза во изминатите 24 часа, вкупниот број на инфектираните во Шпанија се зголеми на 243.928 лица.

Во Португалија, во изминатите 24 часа од коронавирусот (Ковид-19) животот го загубија уште 5 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 1.517, додека заедно со уште 227 регистрирани новозаразени бројот на случаите на зараза се искачи на 36.690 лица.

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на 17.141, а на случаите на зараза на 146.837 лица.

Во Белгија, кадешто животот го загубија 9.661 лице, почнувајќи од денеска се отворени границите на земјата кон Европската унија (ЕУ), земјите од Шенген зоната и Велика Британија. Патувањето за земјите надвор од наброените со исклучок во задолжителни случаи, сѐ уште е забрането.

Во Германија, од Ковид-19 починаа 8.870 лица. Предупредувањето за патување коешто поради епидемијата на Ковид-19 во земјата е доставено за целиот свет почнувајќи од денеска е укинато за земјите на Европската унија (ЕУ), Велика Британија и земјите од Шенген зоната. Предупредувањето за патување кон земјите надвор од Европаката унија (ЕУ) пак, е продолжено до крајот на месец август.

Во Шведска, кадешто животот го загубија 4.874 лица, преземањето на лабави мерки во правец на стратегијата на колективен имунитет во рамките на борбата против Ковид-19 и големиот број смртни случаи стана причина за појава на големи реакции. Шведскиот премиер Стефан Лофвен, правејќи проценка на оваа состојба ги отфрли критиките во однос на тоа дека Шведска применувала погрешна стратегија за Ковид-19. Застанувајќи во одбрана на тоа дека следеле блиска стратегија со другите земји, Лофвен ја изнесе следната констатација: „Брзината на ширење на вирусот посакавме да ја држиме под контрола според можностите на здравствениот систем.“

Во Норвешка, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 242, а на случаите на зараза на 8.608 лица.

Во Финска, починаа 326, а на инфектираните се зголеми на 7.104.

Во Данска, бројот на починатите од вирусот се зголеми на 597, а на случаите на зараза на 12.139 лица.

Во меѓувреме, Данска, Норвешка и Финска почнувајќи од денеска донесоа одлука за цеосно отворање на границите со сите свои соседи со исклучок на Шведска, а воедно соопштија дека поради тоашто бројот на починатите и инфектираните од Ковид-19 е голем нема да ги отоврат своите граници со Шведска. Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде пак, покажа реакција на оваа одлука на наведените Скандинавски земји и велејќи дека тоа претставува дискриминација го рече следното: „Загрижени сме по прашањето на иднината на нашите односи со Скандинавските земји.“ 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји е вака: Канада 8.146, Перу 6.688, Чиле 3.323, Колумбија 1.667.

 



Слични вести