Американски граѓанин осуден на 16 години затвор за шпионажа во Русија

Американскиот државјанин Пол Вилан од страна на Градскиот суд во Москва доби затворска казна од 18 години за вршење шпионажа во Русија

1436399
Американски граѓанин осуден на 16 години затвор за шпионажа во Русија

Американскиот државјанин Пол Вилан на кого му се судеше во Русија со обвинување за шпионажа, е осуден на 16 години затвор.

Во Градскиот суд во Москва се одржа конечното рочиште во врска со обвинувањето на Вилан за шпионажа. 

Притоа судот го прифати обвинувањето против Вилан за вршење шпионажа во Русија и му изрече затворска казна од 16 години.

Адвокатот на Пол Вилан пак, соопшти дека ќе поднесе жалба против изречената пресуда.

Јавното обвинителство поднесе барање за затворска казна од 18 години против Вилан.

Амбасадорот на САД во Русија Џон Суливан истакна дека е длабоко разочаран во врска со изречената пресуда.

Американскиот државјанин Пол Вилан кој во декември 2018 година беше притворен од страна на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) со образложение дека вршел шпионажа, беше уапсен и ставен во затвор. 



Слични вести