Продолжуваат протестите против расизмот и полициското насилство во Франција

Демонстрантите на протестите бараа правда за 24 годишниот млад човек од Африканско потекло Адама Траоре кој животот го загуби во полициското возило

1435441
Продолжуваат протестите против расизмот и полициското насилство во Франција

Ијадници луѓе во Париз и другите градови на Франција повторно излегоа на улиците и одржаа протести против расизмот и полициското насилство.

Покрај забраната за одржување протести, на повикот на „Колективот за правда за Адама“ демонстрантите кои се собраа на плоштадот Република во Париз, одржаа протести против расизмот и полициското насилство.

Демонстрантите на протестите бараа правда за 24 годишниот млад човек од Африканско потекло Адама Траоре кој животот го загуби во полициското возило. Демонстрантите носеа транспаренти со различни написи во рацете и извикуваа слогани како што се „Правда за Адама“, „Полицајците се убијци“, „Не против насилството на полицијата“, „Ако нема правда нема и мир“.

Аса Траоре. постарата сестра на Адама Траоре во говорот на протестите рече: „Го осудуваме насилството на кое беше изложен помладиот брат. Брат ми (исто како и Џорџ Флојд од Африканско потекло на 25 мај којшто загина како последица на полициското насилство во САД) викаше „Не можам да дишам““.

Полицијата на демонстрантите не им дозволи да се одвојат од плоштадот Република и да тргнат кон плоштадот Опера.

На протестите беше доживеана краткотрајна напнатост. Полицијата врз емонстрантите кои фрлаа со различн предмети, интервенираше со бибер спреј. Демонстрантите за време на протестите ги скршија прозорците на една продавница.

Полицијата, сите оние коишто сакаа да влезат на плоштадот им упати повик за „оддалечување“.

Членовите на една екстремна десничарска организација, на највисокиот кат на една зграда на плоштадот обесија транспарент на кој пишуваше „правда за белците кои се жртви на расизмот“. Потстанарите на згардата ги искинаа транспарентите и остро реагираа против приврзаниците на организацијата.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата на полицијата на Париз беше истанато дека на протестите во главниот град биле приведени 26 лица. Меѓу приведените се наоѓаат и 12 приврзаници на групата којашто го обеси наведениот транспарент.

На протестите, една пропалестинска група остро реагираше на израелскиот „план за анексија“ на некои подрачја во Западниот брег и расистичките политики на Израел.

На протестите во Париз учествуваа околу 15 илјади демонстранти, додека на протестите во Лион дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Под зголемени безбедносни мерки протести се одржаа и во градовите Марсеј и Гренобл.



Слични вести