Билансот на Ковид-19 во светот: Над 430 790 смртни случаи

Бројот на заразените изнесува над 7 828 000, а на оздравените над 4 000 014

1435401
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 430 790 смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 430 70, на заразените над 7 828 000, а на оздравените над 4 000 014.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми за 181 и изнесува 41 662, додека на инфектираните со раст од 1 425 се зголеми на 294 375.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 78 и изнесува 34 301, додека на инфектираните со пад од 1 512 се намали на 27 485. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 во земјата изнесува 236 651, додека бројот на новоинфектирани во последните 24 часа изнесува 346.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 24 и изнесува 29 398, додека бројот на инфектираните со раст од 526 се зголеми на 194 218.

Министерството за здравство на Шпанија покрај тоа што соопшти дека бројот на смртните случаи во последните седум дена изнесува 27,  вкупниот број на смртни слуаи изнесува 27 136. Бројот на новоинфектираните во последните 24 часа се зголеми за уште 130 и изнесува 243 605.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија во псоледните 24 часа се зголеми за уште 7 и изнесува 1 512, додека бројот на новите случаи со раст од 283 се зголеми на 36 463.



Слични вести