Биланост на Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Кина изнесува 4 634

1435405
Биланост на Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 430 70, на заразените над 7 828 000, а на оздравените над 4 000 014.

На тестовите во Пекинг, по затворањето на пазарот на кој беа утврдени случаи на инфектирање од новиот тип на коронавирусот беа утврдени 46 заразени од Ковид-19. Досегашниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Кина, првата земја во светот во која се појави епидемијата изнесува 4 634. Во близината на пазарот беа откажани сите спортските активности. Властите започнаа со силни контроли и инспекции особено на месните производи. Во 11 населени места во близината на пазарот беше прогласен полициски час. Над 10 илјади жители на градот кои од 30 мај наваму го посетиле пазарот или живеат во близината на пазарот ќе бидат изложени на тестот Ковид-19. Меѓу преземените мерки беше донесена одлука за прогласување распуст за училиштата. Во подрачјето Хајдина на градот се премина кон итна состојба за војна.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во Кувајт се зголеми на 289, во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на 288, додке а во катар на 70. Бројот на новоинфектираните во оваа земја се зголеми за уште 1 828 и изнесува 78 416.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Саудиска Арабија во последните 24 часа се зголеми за уште 39 и изнесува 932, додека бројот на инфектираните со раст од 3 366 се зголеми на 123 308 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Израел изнесува 300, додека бројот на инфектираните 18 876. Кај 3 припадници на безбедноста на резиденцијата на премиерот Бинјамин Нетанјаху беше утврден Ковид-19. Овие телохранители биле задолжени за надворешната безбедност на резиденцијата на Владата и немале близок контакт со премиерот Нетанјаху.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Ирак изнесува 53. Тоа е најголема бројка досега за само еден ден од денот кога епидемијата почна да шири низ земјата. Бројот на инфектираните во псоледните 24 часа изнесува 1 180, додека вкушниот број на инфектирани 18 950.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бангладеш изнесува 1 139, додека на заразените 84 379. Владата на Бангладеш соопшти дека со зголемувањето на бројот на смртните случаи и инфектираните во земјата, повторно ги враќа забраните и мерките за одење во џамија, црква, храм или било кое друго место за колективна вероисповест.



Слични вести